Haydar Karaalp
02 Август 2022•Ажурирај: 05 Август 2022
БАГДАД (АА) - Во Ирак, Муктеда ал-Садр, лидерот на Движењето Садр, ги повика своите приврзаници да го напуштат Парламентот и да продолжат со седењето околу зградата на Парламентот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од профилот на социјалните мрежи на шиитскиот лидер Садр, кој ги води протестите, дадена е изјава во врска со протестот со седење што се одржува пред зградата на Парламентот.
Според соопштението, демонстрантите поддржувачи на Садр кои влегоа во зградата на Парламентот во Багдад треба да ја евакуираат зградата во рок од 72 часа и да продолжат со седење пред и околу зградата на Парламентот (Зелената зона).
На социјалните мрежи исто така беше упатен повик во петокот, 5 август, да се изврши петочна молитва со учество на луѓе од сите провинции сред Зелената зона, каде што се наоѓаат претставниците на странските мисии.
Од друга страна, ирачкиот премиер Мустафа ал Казими ги повика поддржувачите на Садр да ги прекинат протестите, нагласувајќи ја потребата од национален дијалог и помирување меѓу политичките страни.
Повикот за дијалог на Казими доби поддршка и од шиитските, сунитските и туркменските лидери во Багдад и од Регионалната управа на ирачките Курди.
- Поддржувачите на Садр извршија рација во Зелената зона
Шиитскиот политички и верски лидер Муктеда ал Садр, кој победи на изборите во октомври 2021 година во Ирак, не сакаше да формира влада со партии што се блиски до Иран, а потоа најави дека се повлекува од политиката.
По Садр, мандатот за формирање влада премина на ривалската чадор-организација Координативна рамка, поддржана од Иран.
Координативната рамка на 25 јули соопшти дека поранешниот министер за труд и социјала, Мохамед Шија Судани, ќе биде нивниот кандидат за премиер.
Поддржувачите на Садр во саботата на 30 јули влегоа во Зелената зона за да протестираат против Судани, а потоа упаднаа во зградата на Парламентот и започнаа протест со седење во Парламентот.