Mohamed Sabry Emam Muhammed
22 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Командантот на морнарицата на Иран, вицеадмиралот Хусеин Ханзади, денес истакна дека Иран решително ќе одговори на каков било напад врз неговата земја, јавува полудржавната новинска агенција „Мехр“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во случај на каква било погрешна пресметка и агресија од страна на непријателот, морнарицата на Армијата, заедно со другите вооружени сили на земјата, ќе даде најголема брза реакција во најкус можен рок“, рече тој на воената парада по повод 39-годишнината од иранско-ирачката војна.
„Денес, одбранбената моќ на Иран е на највисоко можно ниво и армиските сили и силите на Иранската револуционерна гарда се подготвени да ги бранат морските граници на земјата“.
Ханзади рече дека Техеран ќе одржи поморска парада во водите на Персискиот Залив, каде што ќе биде прикажан дел од домашното оружје и опрема.
„Оваа поморска парада има за цел да ја покаже подготвеноста на вооружените сили и моќта на одвраќање на Иран и исто така да испрати порака за мир и пријателство до соседните земји“, рече тој.
Тензијатата ескалираше во Заливот откако беспилотни летала извршија напад на две нафтени постројки на северот на Саудиска Арабија на 14 септември.
Јеменските бунтовници Хуси првично ја презедоа одговорноста за нападот, но Соединетите Американски Држави (САД) и Саудиска Арабија го обвинуваат Иран, кој негира каква било поврзаност со нападите.