Muhammet Kurşun
21 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
ТЕХЕРАН
Иранската покраина Хормозган, сместена во јужниот дел на Иран, ја потресе земјотрес со интензитет од 5,6 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 5,6 степени бил во градот Кухерд.
Во соопштението се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а го почувствувале и жителите во околината на градот.
Во веста објавена на Иранската државна телевизија се наведува дека досега не се утврдени евентуални жртви или материјална штета.