Ahmet Dursun
16 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
АНКАРА (АА) - Утринава иранскиот град Равар го потресе земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, јавува Anadolu Agency (AA).
Равар се наоѓа во подрачјето на Керман, а според податоците на Сеизмолошкиот центар на геофизичкиот институт во Техеран, земјотресот е забележен во северниот дел на овој град.
Се истакнува дека земјотресот го потресол Иран во 10:54 часот по локално време, и бил на длабочина од 22 километри.
Низа земјотреси со магнитуда од најмалку пет степени по Рихтер во јануари го потресоа иранско-ирачкиот пограничен регион.
Според податоците на ОН, повеќе од 530 лица загинаа, а околу 8.000 се повредени во силниот земјотрес со магнитуда од 7,3 степени, што го погоди Иран во ноември минатата година.