Mahmoud Barakat
08 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
ТЕХЕРАН (AA) - Иранскиот министер за труд и социјални прашања, Али Рабиеи, сменет е денес (среда), откако парламентарците изгласаа недоверба, јавува Anadolu Agency (AA).
„Околу 129 законодавци гласаа за смена, додека 111 беа против“, наведува иранската државна телевизија.
Рабиеи беше цел на критики поради неуспехот да се преземе соодветен потег за да се решат актуелните економски проблеми во Иран, земја богата со нафта.
Во вторникот стапи на сила првиот пакет санкции на Соединетите Американски Држави, кој главно е насочен кон финансискиот сектор.
Коментирајќи ги санкциите, Рабиеи рече дека околу милион Иранци можат да ја изгубат работата поради санкциите, кои следуваа по повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарното вооружување со Техеран од 2015 година.
Рабиеи одговори на критиките на колегите со зборовите: „Сите функционери би требало да бидат одговорни за сите проблеми во земјата.“