Mahmoud Barakat
17 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Иран ги негираше медиумските извештаи дека ќе се вклучи во преговори со САД во врска со програмата за балистички ракети, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Апсолутно и под никаков услов нема да се преговара со никој и со ниту една земја за иранските проектили“, напиша на социјалната мрежа Твитер, Алиреза Мирјоусефи, портпаролот на Иранската мисија во ОН.
„Асошиејтед прес“ (Associated Press) објави дека иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, предложил дека Техеран е подготвен да преговара за ракетната програма доколку Вашингон ги укине санкциите.
„Ја негираме објавата на „Асошиејтед прес“ (AP) за изјавите на Зариф во интервјуто со „Ен-би-си“ (NBC)“, соопшти Иранската мисија во ОН, чие соопштение беше пренесено од официјалната новинска агенција ИРНА.
Во интервјуто, Зариф го повика Вашингтон да запре со извозот на оружје на регионалните земји.
„Ова е американско оружје кои оди во нашиот регион, при што го прави регионот подготвен да ескплодира“, изјави Зариф. „Па доколку сакаат да разговараат за нашите проектили, прво треба да престанат да ги продаваат на нашиот регион овие оружја, вклучувајќи ги проектилите“.
Минатиот месец Иран објави дека развил нов ракетен систем за противвоздушна одбрана на локално ниво, кој има способност да уништи борбени авиони и беспилотни летала со опсег до 120 километри (75 милји).
Тензиите меѓу САД и Иран се зголемија од мај 2018 година, кога Вашингтон еднострано се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија и ЕУ.
САД оттогаш започнаа дипломатска и економска кампања за да извршат притисок врз Иран, со цел повторно да се преговара за договорот, како и за другите ирански активности што Вашингтон ги смета за „дестабилизирачки“.
Како дел од нивната кампања, САД повторно воспоставија санкции врз извозот на иранската сурова нафта, кои ја окупираа иранската економија.