Elena Trenchevska Chekovic
16 Јуни 2025•Ажурирај: 17 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Иран започна нов бран напади со балистички ракети во раните утрински часови денес како одмазда за израелските воени акции, според јавувањата, пренесува Анадолу.
Ракетите лансирани од Иран се појавија на небото над Тел Авив, каде што беа активирани сирените за воздушен напад.
Израелските системи за противвоздушна одбрана одговорија на дојдовните закани, пресретнувајќи некои од ракетите во воздух.