Mustafa Melih Ahıshalı
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф реагираше на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да престанат да ја финансираат Светската здравствена организација (СЗО), која ја обвини за епидемијата за новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на својот профил на Твитер, Зариф вели:
„Светот го доживува искуството што Иран го живее веќе долго време. Заплашувањето, притисокот и заканите на САД се сè поголеми; ги убива луѓето. Престанувањето на финансирањето на фондот на СЗО во време кога има пандемија, е срамен чекор кој ќе се памети, исто како и политиката на 'максимален притисок врз Иран'.“
Американскиот претседател Трамп тврди дека СЗО имала одговорност за тоа што епидемијата се прошири низ целиот свет и дека во првата фаза го излажала светот.