Ekip
14 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Иранските власти уапсија голем број осомничени лица во врска со соборувањето на украинскиот авион, соопшти Судската комисија на оваа држава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Осомничените се уапсени поради 'нивната улога' во авионската несреќа“, изјави портпаролот на Комисијата, Гулам Хусеин Исмаили, во соопштение цитирано од „Прес ТВ“ (Press TV).
Апсењата се извршени откако иранскиот претседател, Хасан Рохани, побара од неговата земја да основа „специјален суд предводен од постар судија“ за да ги гони одговорните за авионската трагедија.
Иран соопшти дека авионот бил „ненамерно“ соборен од проектил кој летал кон воените бази, нарекувајќи го тоа „човечка грешка“.
Инцидентот се случи неколку часа откако Иран испука десетина балистички ракети врз воздушните бази во кои биле стационирани американските трупи во Ирак, како одговор на убиството на највисокиот ирански генерал Касим Сулејмани од страна на САД со беспилотни летала во близина на аеродромот во Багдад на 3 јануари.
Меѓу жртвите во авионот се 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци, 10 Швеѓани, четворица Авганистанци, тројца Британци и тројца Германци.