Murat Karadağ
29 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - По нелегитимниот референдум, Иран ја забрани испораката на нафтени производи во Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак (IKBY), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Испораката на каков било нафтен производ од или во Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак е забранет до понатамошна наредба“, се вели во одлуката на Дирекцијата за копнен транспорт и регулација на патишта на Иран, соопшти полуофицијалната новинска агенција на Иран, „Тасним“.
Според соопштението, одлуката е донесена врз основа на последните настани во регионот и известувањата на Дирекцијата за гранична безбедност при Министерството за внатрешни работи на Иран.
„Се известуваат компаниите за транспорт да ја прекинат испораката на нафтени производи во Регионалната кудска управа во северниот дел на Ирак. За секое прекршување на оваа забрана ќе биде одговорна компанијата за транспорт“, се вели во одлуката.