Muhammet Kurşun
20 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусеви, истакна дека се подготвени да преговараат со Саудиска Арабија и дека споровите можат да се решат преку дијалог, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава дадена за официјалната иранска агенција „ИРНА“, Мусеви се осврна на планираната посета на ирачкиот премиер Мустафа ал Казими на Ријад и на односите помеѓу Иран и Саудиска Арабија.
Изјавувајќи дека Иран е секогаш подготвен да соработува и да преговара со земјите од регионот, Мусеви нагласи: „Споровите и недоразбирањата можат да се решат само преку дијалог. Повеќепати ја обзнанивме нашата главна политика и нашите напори во врска со Саудиска Арабија. Како ќе одговорат на нашиот предлог за регионални преговори и соработка зависи од надлежните институции на оваа земја.“
Иранските медиуми пишуваат дека ирачкиот премиер Мустафа ал Казими, кој денеска ќе ја посети Саудиска Арабија, а утре Иран, може да игра улога на медијатор меѓу Техеран и Ријад.
Сепак, утринава посетата на Казими на Ријад е одложена поради тоа што кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз, е хоспитализиран.