Mohammad Sıo
22 Јануари 2024•Ажурирај: 25 Јануари 2024
ТЕХЕРАН (АА) - Ирански војник вчера уби петмина свои колеги војници во јужната провинција Керман, соопшти командантот на војската, пренесува Анадолу.
Инцидентот се случил во иранската провинција Керман, кога еден од војниците почнал да пука кон своите соборци во касарната, соопшти Амир Голамалијан, командант на Југоисточната регионална команда на иранската војска, пренесе државната новинска агенција ИРНА.
Мотивот на нападот сѐ уште не е познат. Преземени се мерки за приведување на напаѓачот што избегал од местото на настанот.