Mohamed Sabry Emam Muhammed
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Иранската новинска агенција Фарс објави дека командантот на Иранската револуционерна гарда (IRGC) е убиен во судирите со сириската опозиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Генералот Голам Али Голизадех, ветеран од иранско-ирачката војна којашто траеше од 1980 до 1988 година, е убиен во судирите со борците на сириската опозиција, јави иранската агенција без да изнесе детали за настанот.
Локални сириски извори во меѓувреме наведоа дека иранскиот генерал е убиен за време на судирите меѓу режимските и опозициските сили во село на запад од главниот град Дамаск.
Иранската влада го поддржува режимот на Башар ал Асад, кој од 2011 година во граѓанската војна се бори против опозицијата.
Во изминатите шест години, иранските трупи, заедно со членовите на либанската шиитска група Хезболах се борат на страната на режимот.
Од 2012 година во Сирија загинаа повеќе од 1.200 војници и припадници на проиранската полиција.