Hatice Kesgin
28 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
МОСУЛ (АА) - Ирачката армија денес соопшти дека од почетокот на офанзивата за заземање на Мосул, која започна на 17 октомври, речиси 800 терористи на ДЕАШ биле неутрализирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачката армија, поддржана од коалициските воздушни напади предводени од САД, неодамна започна операција за ослободување на Мосул, последното упориште на ДЕАШ во северен Ирак.
Во соопштението, Командата за операции во Ирак соопшти дека најмалку 772 терористи на ДЕАШ биле неутрализирани и 87 села и области заземени од терориситчката организација.
Според соопштението, најмалку 23 терористи биле фатени. Најмалку 130 возила наполнети со експлозив, 27 минофрлачки гранати и 397 екплозивни уреди биле запленети.
ДЕАШ го зафати Мосул - вториот ирачки град по големина - во средината на 2014 година пред да заземе други територии во северните и запаните региони на земјата.
Иако ирачката армија и нејзините локални сојузници повратија поголем дел од територијата, терористичката група суште контролира неколку делови од северната област Анбар.