Haydar Hadi
19 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
МОСУЛ (АА) – Ирачката армија од терористичката организација ДЕАШ го презеде гратчето Телкејф, кое се наоѓа во северниот дел на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на операциите во Мосул, Абдул Амир Јаралах во писмено соопштение изјави дека Телкејф е целосно ослободен од ДЕАШ, како резултат на операцијата што започна утрово.
Во ова гратче претежно живее христијанско население, а беше познато како последниот бастион на ДЕАШ во северниот дел на Мосул.
Армиските сили три месеци го држеа Телкејф под опсада. Ваквата ситуација предизвика хуманитарна криза за илјадници семејства во ова гратче.