Haydar Karaalp
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
БАГДАД (AA) - Ирачките демонстранти приврзаници на шиитската група Хашди Шаби искршија и запалија уште една врата од зградата на американската амбасада во текот на денешните протести во Багдад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите кои претходно денеска се собраа пред зградата на Амбасадата на САД во Багдад откако најпрвин го запалија надворешниот дел од зградата на амбасадата, а потоа влегоа во зградата, ги запалија и вторите врати од влезот во зградата.
Додека протестите околу зградата на американската амбасада се уште траат, над квартот можат да се приметат авиони кои летаат ниско.
Специјалните ирачки сили зазедоа позиции околу зградата на амбасадата.
Стотици демонстранти се собраа денес во знак на протест поради американскиот напад изведен на Бригадата на Хезболах при шиитската група Хашди Шаби.
Американското министерство за одбрана објави дека во знак на одмазда за нападот врз американските дипломати, изведени се воздушни напади на вкупно пет воени бази Бригади на Хезболах во Ирак и во Сирија.
Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека во нападот врз базите во Анбар се убиени 28, а ранети 48 лица.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес телефонски разговараше со ирачкиот претседател Берхем Салех и премиерот Адил Абдулмехди, во текот на кој ја пренесе решителноста на САД да ги заштитат американските државјани во Ирак од било какви ирански закани.