Ekipa
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
ЊУЈОРК (АА) - Источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) се подготвува за налетот на ураганот Хенри, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ураганот може да доведе до големо невреме и поплави, соопшти Националниот центар за урагани (NHC).
„Хенри“ ослабна до категорија на тропска бура рано утрово додека се приближуваше кон копното.
Милиони луѓе на њујоршкиот Лонг Ајленд и во јужна Нова Англија се подготвија за евентуални поплави.
„Хенри“ е на пат да погоди дел од североисточниот брег до денес напладне.
Обилните врнежи од дожд го затворија синоќешниот концерт во Централ парк на кој учествуваа познати ѕвезди, а со кој се одбележа враќањето на концертите што беа прекинати поради пандемијата на коронавирусот.