Elvir Hocic
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
РИМ (АА) - Во текот на претрес во куќата на водач на локална банда во Бари, италијанската полиција пронајде милион евра, а ситните банкноти, буквално, биле заѕидани во ѕидот на куќата, јавува Anadolu Agency(AA).
Полицијата во јужниот италијански град Бари синоќа спроведе акција за претрес во куќата на водач на локална банда, која се товари за низа кривични дела, вклучувајќи и криумчарење дрога.
Еден полицаец во текот на претресот случајно открил пари во вакуумски кеси заѕидани во ѕид под прозорецот.
Станува збор за околу 936.000 евра скриени во ситни апоени, а потеклото на парите ќе биде одредено во текот на истрагата.
Во куќата на истиот криминалец, полицијата пред неколку месеци пронајде двојни ѕидови и во нив скриени 60.000 евра, па во текот на синоќешниот претрес внимателно ги прегледале ѕидовите.
Локалните медиуми јавуваат дека осомничениот и понатаму е на слобода и дека полицијата трага по него.