Ecenur Çolak
15 Септември 2018•Ажурирај: 16 Септември 2018
РИМ (AA) - Припадниците на италијанските безбедносни сили, во рамките на антитерористичката акција на островот Сардинија извршија претрес во стан на италијански државјанин за кого е востановено дека е припадник на ЈПГ/ПКК, крилото на терористичката организација ПКК на подрачјето на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Наведено е дека во текот на претресот е запленет пасошот на овој припадник на ЈПГ/ПКК.
Новинската агенција АНСА објави дека италијанската полиција спроведува антитерористичка акција на островот Сардинија во врска со „прекугранични воени активности“.
Нагласено е дека во текот на акцијата е извршен претрес во станот на тројца државјани на Италија, меѓу кои за еден од нив е потврдено дека е припадник на ЈПГ/ПКК.
Од полицијата соопшти дека трите споменати лица живеат на островото Сардинија, во сестото Нуоро сместено во неговиот централен дел и град Калјари, во јужниот дел на островото.
Наведено е дека лицето за кое е потврдено дека е припадник на ЈПГ/ПКК, се вика Пјерлуиџи Кари. Полицијата има информации дека Кари наскоро требало да отпатува во Ирак, а од таа земја потоа да премине во Сирија. Неговиот пасош е запленет од превентивни мерки.
Антитерористичката акција е покрената откако двајца терористи се забележани на фотографија со припадниците на ЈПГ/ПКК. На фотографијата можат да се видат терористи со камуфлирани лица, додека еден од нив држи калашњиков, а другиот е со подигната стисната рака.
Потврдено е дека двајцата терористи на фотографијата се Французинот Оливие Франсоаз и Италијанецот Пјерлуиџи Кари.
Французинот Оливие Франсоаз Жан ле Клаинче, кој го носеше кодното име „Кендал Бреиж“, неутрализиран е на 18 февруари оваа година во текот на операцијата „Маслинова гранка“, која турската војска ја покрена во Африн против припадниците на ЈПГ/ПЈД/ПКК.
Кари, според италијанските закони се обвинува за „тероризам и учество во активностите на насилство, со цел рушење на државата“.