Barış Seçkin
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
РИМ (АА) - Бариш Сечкин -
Во Италија, која е една од земјите која најмногу е погодена од пандемијата со новиот вид на коронавирус (Ковид-19), граѓаните вакцината ја гледаат како надеж за излез од пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Италија, каде кампањата за вакцинација започна на 27 декември минатата година, како и поголемиот дел од Европа, граѓаните зборуваа за доцнењето на вакцината и снабдувањата во главниот италијански град.
Триесетипетгодишниот Стефано смета дека вакцината би можела да ја запре пандемијата на Ковид-19.
„Дефинитивно ќе ја примам оваа вакцина. Не знам кога ќе дојде ред на мене. Не знам дали ќе се вакцинирам во Италија или Канада каде што планирам да работам“, изјави тој.
Стефано доцнењето во снабдувањето на вакцините го гледа како логистички проблем и смета дека е потребно време за тоа.
Дека вакцината може да ја запре епидемијата смета и Силвиа. Изјавувајќи дека и таа е за вакцинацијата, таа изјави дека со нетпрение чека да се вакцинира.
На прашањето што мисли за доцнењето на вакцината, Силвиа рече:
„Да, изгледа така, но што можеме да направиме како граѓани? Само чекаме. Се надевам дека тоа ќе го направам во летниот период“.
И Алесандро (27) се надева дека вакцината може да ја запре епидемијата.
„Сите тоа го чекаме. Сите размислуваме за тоа да започнеме од почеток и да се вратиме во нормалниот живот. Се надеваме на добри работи“, изјави Алесандро.
Според неговите зборови, не очекува да биде вакциниран пред септември или октомври.
„Трпеливо го чекам својот ред. Кога ќе биде време за тоа, сигурно ќе ја добијам вакцината, мислам дека ова е единствен излез“, истакна Алесандро.
За вакцинацијата е и Паола.
„Слушнав за доцнењето во Фајзер, но сигурна сум дека ќе бидам обезбедена за се. Ќе се вакцинирам кога и да биде можно тоа“, изјави Паола.
Таа мисли дека вакцината сигурно ќе даде придонес за да се стави крај на епидемијата.
Фиорела Рејес, која пред шест години дојде во Италија од Венецуела и работела во кафуле, изјави дека епидемијата многу влијаела на нивната работа.
„Гледам дека е тешка борбата против епидемијата. Не е познато какво влијание ќе има вакцината на глобално ниво. Оваа епидемија создава проблеми и во сите сектори на работата. Нема туристи. Нашата заработка е многу ниска и паѓа. Загрижена сум поради сопствената работа. Не знаеме колку долго можеме да издржиме“, изјави таа и додаде дека и таа е за вакцинацијата.
Ангела Палумбо, докторка која работела во Италија и Шпанија исто така смета дека треба да се вакцинира.
„Секако, се залагам за вакцината. Вакцинацијата е дефнитивно единствено решение за спречување на оваа епидемија“, изјави таа.
Палумбо сеуште не е вакцинирана и чека да дојде на ред.
Во Италија од почетокот на пандемијата се регистрирани 86.422 смртни случаи поврзани со коронавирусот. Заразени беа 2.485.956 лица.