Barry Ellsworth
05 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
ТРЕНТОН (АА) - Автобус со 37 кинески туристи падна во карпест насип по должината на главниот автопат во Канада во понеделник, јавува Anadolu Agency (AA).
Во несреќата загинаа четири лица, а десетици се упатени во болниците.
Несреќата се случи околу 2:30 часот по локално време на Автопатот 401 во Прескот, Онтарио, околу 100 километри југозападно од Отава, главниот град на Канада.
Два хеликоптера, како и амбулантни возила на итната служба пристигнаа на местото на несреќата. Исто така, школски автобуси ги превезуваат повредените лица во болниците.
Автобусот „Union Express“ тргна кон Торонто по застанувањето во Отава. Компанијата „Express“ им дава услуги на кинеските туристи. Патниците биле на десетдневна турнеја која започнала во Вашингтон.
Властите не дадоа официјални податоци за тоа колку лица ја преживеале несреќата, иако е познато дека голем број лица се во критична состојба.