Seyit Aydoğan
25 Август 2017•Ажурирај: 26 Август 2017
ОТАВА (АА) - Канадската министерка за меѓународен развој, Мари-Клод Бибо, потврди дека нејзината земја испрати 25 милиони долари за да им помогне на палестинските бегалци во Сирија и во Либан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава на канадската министерка се наведува дека на палестинските бегалци им е испратена помош во износ од 25 милиони долари, преку Агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA).
Таа истакна дека 20 милиони се наменети за палестинските жени и деца, и дека овие пари ќе бидат искористени за образованието, здравството и основните потреби на бегалците, а останатите пет милиони долари ќе бидат искористени за програмата на УНРВА за итна помош во Сирија.
„Палестинските бегалци заслужуваат да завршат основно образование, да имаат соодветни здравствени услуги, и други потреби. Нашата помош е составен дел од долгогодишните напори за постигнување мир и стабилност во регионот. Канада ѝ помага на агенцијата на ОН и нашата определба е да им се даде поддршка на милионите палестински бегалци“, пишува во изјавата канадската министерка Бибо.