Ekipa
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Каталонскиот претседател Карлес Пучдемон преку социјалните мрежи објави реакција на шпанскиот ултиматум за тоа да се изјасни дали прогласил независност или да се соочи со укинувањето на регионалната моќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Баравме дијалог, а одговорот беше ставање на членот 155 на маса. Пораката е јасна“, порача Пучдемон преку „Twiter“.
Сепаратистичкиот лидер реагираше на заканата со членот 155, кој никогаш не е искористен, а се однесува на уставната сила на којашто, според заканите, ќе се повика шпанската конзервативна влада, доколу до 19 октомври Пучдемон не се изјасни дали прогласил независност или не.
Претседателот на Каталонија во вторникот, на регионалните парламентарци им предложи да ја замрзнат имплементацијата на независноста за да се обезбедни дополнително време за преговорите со Шпанија. Од друга страна, шпанскиот премиер Маријано Рахој го отфрли секој вид на дијалог додека сецесијата е во игра.
Друга реакција за предупредувањето од Мадрид пристигна од Уриол Жункерас, потпретседател на Каталонија, кој преку „Twiter“ му порача на Рахој:
„Она што меѓународната заедница го сака и Каталонија го очекува е искрен дијалог, а не конфронтација и нови закани“.