Hacer Başer
18 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ДОХА (АА) - Катар постигна договор со Велика Британија за купување на 24 воени британски авиони „Typhoon“ (тајфун), јавува Anadolu Agency (AA).
Катарскиот министер за одбрана Калид Ал Атија, во Доха се состана со британскиот колега Мајкл Фалон, со кого разговараа за актуелните прашања како кризата во Заливот и борбата против тероризмот во светот.
Една од главните теми на разговорот беше и воената соработка меѓу Катар и Велика Британија, а двајцата министри потпишаа и договор за купопродажба на повеќенаменски борбени авиони „Typhoon“.