Ahmed Asmar
30 Декември 2024•Ажурирај: 31 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Катар денес прати два товарни авиона со хуманитарна помош во Сирија, јавува Анадолу.
Катарското Министерство за надворешни работи соопшти дека авионот што превезувал техничка и хуманитарна помош за сирискиот народ пристигнал на аеродромот во Дамаск.
Министерството соопшти дека техничката помош ќе се користи за повторно функционирање на аеродромот за да се обезбеди проток на помош во Сирија.
Катарската Црвена полумесечина, исто така, соопшти дека уште еден хуманитарен авион пристигнал во либанскиот главен град Бејрут за да биде испратена помошта во Дамаск.
Здружението соопшти дека авионот носи 33 тони хуманитарна помош, вклучително ќебиња и пакети со храна.
Катар досега прати седум авиони со помош во Туркије, Либан и Јордан, која ќе биде пратена во Сирија преку копнени патишта.
Башар Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, означувајќи го крајот на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година. Преземањето се случи откако борците на Хајат Тахри Ал Шам ги освоија клучните градови во молскавична офанзива што траеше помалку од две недели.