Vesna Besic
12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
ДОХА (АА) - Фотографија на новинарката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех, која беше убиена додека известуваше за нападот на израелската војска на окупираниот Западен Брег и палестинско знаме беа проектирани на облакодери во Доха, главниот град на Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Абу Аклех (51) почина откако беше застрелана додека известувала за напад на израелските сили во градот Џенин. Друг новинар, Али ал Самуди, бил застрелан во грбот“, соопшти вчера палестинското Министерство за здравство.
Абу Аклех е роденa во Ал Кудс/Ерусалим во 1971 година, а дипломиралa новинарство на Универзитетот „Јармук“ во Јордан.