Gökhan Kavak
05 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Над 91 процент од луѓето во Кенија користат облека од втора рака увезена од земји како што се САД, Канада и Велика Британија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на весникот „Стар“ (The Star), заснована на извештајот на Кенискиот институт за економски прашања и Унијата „Митумба“, се соопштува дека мнозинството од луѓето во земјата користеле увезена облека од втора рака.
„Според податоците од 2019 година, 91,5 проценти од Кенијците користат увезена половна облека од втора рака која се нарекува митумба“, се вели во веста.
Кенија во 2019 година увезе 185.000 тони, околу 8.000 контејнери со половна облека. Овој сектор обезбедува можности за работа на 2 милиони Кенијци.
Во извештајот на весникот се наведува дека користената облека донесена од кениските трговци се продава на пазарите во многу делови во земјата.
- Кенијците носат облека од втора рака донесена од Запад
Кенија е на прво место меѓу земјите што увезуваат најмногу половни производи од светот.
Кенијците кои се со ограничена куповна моќ носат облека што е донесена во Африка по ниска цена од земјите како што се САД, Велика Британија и Канада.
Вредноста на половната стока увезена од источноафриканските земји како што се Уганда, Кенија и Танзанија, и од развиените земји како што се САД и Англија, во 2014 година е над 300 милиони долари.