Esra Kaymak
03 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Државнот секретар Џон Кери вчера зборуваше по телефон со рускиот колега Сергеј Лавров за начините за повторно враќање на прекинот на огнот низ целата територија на Сирија, објави Стејт Департментот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Двајцата министри разговараа воглавно за прекинот на огнот, заклучувајќи дека всушност истиот е многу кревок, тие говореа за начините за негово повторно враќање на целата територија на Сирија”, соопшти портпаролот Џон Кирби.
САД и Русија во петокот се договорија за спроведување на краткотраен прекин на огнот за одредени градови во Сирија, каде што нападите врз цивили се зголемија.
„Преку викендот, во областите околу Латакија и областите околу Дамаск видовме прекин на непријателствата”, рече Кирби.
„Ние секогаш бевме фокусирани на областите како Алепо и токму тоа беше главна тема на разговорите што ги имаше државниот секретар во Женева и со министерот за надворешни работи Лавров, денес”.
Во Женева Кери, исто така, се сретна и со Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, и побара да се поврати прекинот на непријателствата во Сирија.
Според Кирби, прекинот на огнот особено во Алепо е „најмногу изложен на ризик” и истиот продолжува да се прекршува што е загрижувачко за американската администрација.
Кирби истакна дека знае за извештаите за формирање на безбедносни зони во областа Алепо, но дека е премногу рано да се влегува во одредени детали. Тој додаде дека САД сакаат да ја видат цела Сирија како една безбедносна зона „каде што луѓето не се задушувани со гас и гаѓани со барел бомби од страна на режимот”.
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, рече дека администрацијата на Обама не мисли дека созадавњето на безбедносни зони е „практична алтернатива” бидејќи тоа ќе бара од САД да ги обезбедува тие зони со „значително учество на копнени трупи”. Како дел од политиката на администрацијата, САД не сака копнено да влезе во тој регион.
Кирби соопшти дека Кери и Лавров исто така разговарале за хуманитарната помош и потребата од продолжување на „непрекината” достава на помош во областите кои имаат потреба од неа.
Според Кирби, друга тема која се наоѓа високо на дипломатската агенда е можноста од уште еден состанок на Интернационалната сириска група за поддршка (ISSG) во блиска иднина. „Може да се очекува ИССГ наскоро повторно да се собере со цел да помогне во одредувањето на најдобрите чекори во политичкиот процес”, рече тој.
Кери и Лавров зборувале и за судирите во окупираниот Нагорно-Карабах како и од потребата за намалување на тензиите од двете страни.