Ekipa
26 Јули 2016•Ажурирај: 27 Јули 2016
ВИЕНТИЈАН (АА) - Џон Кери, државниот секретар на Соединетите Американски Држави изјави дека меѓународната заедница е одлучна да ѝ порача на Северна Кореја како да се справи со сериозните последици доколку продолжи со производството на нуклеарно оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Кери во Лаос присуствува на Азископацифичката конференција за безбедност, на која учествуваат и претставниците на Северна Кореја. Тој денес изјави дека Северна Кореја е единствената земја што се движи во спротивен правец, остатокот од светот се движи кон тоа планетата да биде ослободена од нуклеарно оружје.
Држаавниот секретар напомена дека Советот на безбедност на Обединетите нации поради тоа вовел економски санкции кон Северна Кореја.
„Сепак, Северна Кореја е одлучна да не реагира на своите меѓународни обврски”, истакна Кери и додаде:
„Заедно сме решени дека поради ваквото однесување мораат да постојат реални последици”.