Emre Gürkan Abay
17 Март 2022•Ажурирај: 18 Март 2022
МОСКВА (АА) – Хакери изведоа кибернапад на интернет-страницата на руското Министерство за вонредни состојби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави руската информативна агенција ТАСС, кибернападот е извршен на веб-страницата на Министерството за вонредни состојби.
Во веста се наведува дека како резултат на нападот, телефонската линија на руското Министерство за итни случаи била заменета со некои телефонски броеви во Украина.
Откако е вратена контролата врз веб-страницата на Министерството, повторно е вратена телефонската линија за итни случаи со бројот од Русија, но засега не може да се пристапи до веб-страниците кои им припаѓаат на центрите на ова министерство во различни региони од земјата.