Ekipa
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските спасувачки екипи објавија дека билансот на загинати во потонувањето на брод за рекреативни патувања во езеро во југозападната покраина Сичуан се искачил на 14 лица, а уште едно лице се смета за исчезнато, пренесува Anadolu Agencu (AA).
Државниот кинески медиум China Daily денес објави дека акцијата за потрага по исчезнатото лице продолжуваат. Несреќата се случила во текот на тричасовна тура на езерото Баилонг на 4-ти јуни.
На бродот се наоѓале 18 лица, многумина од нив млади брачни парови со мали деца.
Четворица од нив се спасени веднаш по инцидентот, а едно дете подоцна почина во болница.
Властите за несреќата ги обвинуваат лошите временски услови и силниот ветер во областа.
Еден од преживеаните, за новинската агенција Синхуа кажа дека тој заедно со своите пријатели ги соблекле појасите за спасување поради топлото време а им помогнале и на своите деца да ги соблечат своите.
„Го грабнав појасот пред да потоне бродот. Се случи многу бргу. Видов двајца или тројца во водата, а брзо потоа исчезнаа”.