Ekip?
14 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
СЕУЛ (АА) - Кинеските медиуми денеска јавија дека во сообраќајна несреќа на автобус загинаа десет луѓе од група туристи од Јужна Кореја кои се враќале од патување во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дваесет патници се превезувале во автобусот кој бил во посета на југоисточниот град Улсан, кој сѐ уште се опоравува од неодамнешните поплави и силни ветрови предизвикани од тајфунот.
Во четвртокот, околу 10 часот по локално време, автобусот се судрил на автопатот во близина на Улсан, а потоа се запалил откако му експлодирала гумата.
Повеќето од починатите останале заробени во автобусот, додека на преживеаните им е укажана помош за повредите и вдишувањето чад.
Повеќето од патниците биле пензионери од јужнокорејска хемиска компанија заедно со своите брачни другари.