Emre Aytekin
16 Декември 2021•Ажурирај: 17 Декември 2021
ПЕКИНГ
Најмалку 21 лице останаа заробени откако поплава зафати нелегален рудник за јаглен во градот Ксиаоји, во северната кинеска област Шанкси, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на локалните власти се наведува дека водата ги блокирала влезовите во рудникот и дека спасувачките служби во моментов ја испумпуваат водата. Треба да се напомене дека во рудникот останале заробени најмалку 21 лице.
Полицијата приведе 6 лица за кои е утврдено дека се одговорни за незаконска експлоатација на јаглен во споменатиот рудник.
Кина ги заостри контролите во последниве години за да се бори против нелегалното ископување јаглен, бидејќи во минатото се случија многу несреќи при работа и смртни случаи. Сепак, се известува дека нелегалната рударска активност е зголемена оваа зима поради растот на светските цени на јагленот, а со тоа и недостигот на снабдување.