Riyaz Khaliq Khaliq
25 Февруари 2026•Ажурирај: 26 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (AA) - Кина денес ги повика САД да се придржуваат кон мораториумот на нуклеарни тестирања и ги отфрли американските обвинувања дека Пекинг спровел нуклеарни тестови во 2020 година, јавува Анадолу.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на редовниот брифинг со новинарите изјави дека Вашингтон треба „да ги почитува своите обврски за мораториум на нуклеарните тестирања, да го зачува глобалниот консензус за забрана на нуклеарните тестови и да престане да бара изговори за нивно обновување“.
Мао одговараше на прашањата во врска со тврдењата на САД дека Кина извршила нуклеарни тестирања на 22 јуни 2020 година.
„Обвинувањата на САД се неосновани и нереални“, рече таа, нагласувајќи дека Пекинг повеќепати истакнал дека „цврсто ги поддржува“ целите и принципите на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестирања и дека ја почитува обврската на петте нуклеарни сили за придржување кон мораториумот.
Според неа, „САД не штедат напори да фрлаат кал врз други земји, а таквата практика ѝ штети на нивната меѓународна репутација“.
Ова е вторпат во текот на месецов Кина да ги обвини САД дека се обидуваат да создадат основа за обновување на нуклеарните тестови откако Вашингтон повторно изнесе наводи дека Пекинг спровел нуклеарни тестови во 2020 година.