Gülşen Çağatay
28 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
ПЕКИНГ (АА) - Властите во Кина соопштија дека во пустината Маовусу во северозападниот дел на земјата ќе изградат соларна електрана, инвестиција од 1,4 милијарди евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми јавуваат дека планот на кинеската Влада е проектот да биде завршен до крајот на наредната година.
Соларните постројки ќе бидат изградени на вкупна површина од 4.000 хектари и ќе имаат инсталирана енергија од 2 милиона киловати.
Инсталираната соларна енергија на електраните во Кина кон крајот на минатата година изнесувала 305 гигавати.