Fuat Kabakcı
26 Декември 2019•Ажурирај: 28 Декември 2019
ПЕКИНГ (АА) - Судот во Кина осуди 12 лица на затворска казна поради неовластено објавување книги за Комунистичката партија на Кина и за властите на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува кинескиот весник „Глобал тајмс“ (Global Times), споменатите лица се казнети поради кршење на законските прописи за неовластено објавување и продажба на книги.
Обвинетите се појавија пред судот во Јуејанг, град во покраината Хубеј.
Еден од обвинетите призна дека од 2010 година од интернет собирале документи и белешки за важните состаноци на Комунистичката парија на Кина и дека од тоа напишале книга.
Изјави дека книгите се печателе во локална книжарница во градот Вухан, и дека продале над 44.600 промероци од што заработиле околу 157.000 долари.
Судот еден од обвинетите го осуди на 7 години и 10 месеци затвор и на парична казна од околу 64.330 долари, а преостанатите на затворски казни од 2 до 7 години.