Amir Latif Arain
14 Јули 2024•Ажурирај: 16 Јули 2024
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските и руските поморски бродови ја извршија својата четврта заедничка поморска патрола во западниот и северниот дел на Тихиот Океан, објави денес кинеското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека патролата не била насочена кон трета страна и нема никаква врска со актуелната меѓународна и регионална ситуација.
Заедничката вежба „Море-2024“ се одржа во водите и воздушниот простор во близина на Џанџијанг, во јужната кинеска провинција Гуангдонг.
Вежбата е изведена во согласност со годишниот план за воен ангажман и билатералниот договор меѓу вооружените сили на двете земји., се наведува во соопштението.
Сепак, Јапонија изрази сериозна загриженост за националната безбедност поради близината на операциите до нејзината граница.
Заедничките вежби меѓу Кина и Русија служат како показател за нивното стратешко партнерство, а аналитичарите го гледаат како одговор на американското воено присуство во регионот.