Emre Gürkan Abay
28 Октомври 2021•Ажурирај: 29 Октомври 2021
МОСКВА (АА) - Кина се обрати до најголемата руска компанија за производство и дистрибуција на електрична енергија „Интер РАО“ и побара да го удвои количеството електрична енергија што ќе ја испорача на Пекинг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Александар Панин, членот на управата на „Интер РАО“, единствена компанија во Русија овластена за извоз на електрична енергија, за новинарите изјави дека Кина се обратила на компанијата во врска со зголемување на испораката на електричната енергија.
Тој потсети дека на Кина моментално ѝ испорачуваат околу 285 милиони киловат-часови електрична енергија месечно.
„Тие побараа 555 милиони киловат-часови месечно. Речиси двојно поголема побарувачка за ноември и декември, а ние ќе задоволиме речиси сè. Се надеваме дека оваа година ќе обезбедиме рекордни количества електрична енергија за Кина“, рече Панин.
Прекините на струја во многу делови на Кина, особено поради проблемите со снабдувањето со јаглен, негативно се одржуваат во секојдневниот живот.
Рускиот извоз на електрична енергија во Кина минатата година падна на 3 милијарди киловат-часови, што е пад од 1,3 отсто во однос на 2019 година.