Ekipa
22 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
ПЕКИНГ (АА) - При превртување на чамци во јужниот дел на Кина загинаа 17 лица, соопштија денес кинеските власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Превртувањето на чамците се случи вчера за време на подготовките за натпреварот во рамките на фестивалот „Дуанву“ на реката Таохуа, соопшти пожарникарската служба на градот Гуејлин во покраината Гуангси.
Пожарникарската служба наведе дека акцијата за спасување е завршена и дека е потврдена смртта на 17 лица. Во водата паднале 60 лица.
Во акцијата за спасување учествуваа осум чамци и околу 200 спасувачи. Приведени се две лица кои го организирале возењето со чамци.
Сè уште не е познато кои се точните причини за несреќата.