Ahmet Furkan Mercan
19 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
ТОКИО (АА) - Кинески и руски воени бродови поминаа низ теснецот Цугару во северна Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонските поморски сили за самоодбрана (MSDF), бродовите на кинеската и руската морнарица, најпрвин ги открија на 110 километри југозападно од островите Окушири.
Бродовите на кинеската и руската морнарица влегоа во теснецот Цугару, кој се наоѓа помеѓу регионите Хоншу и Хокаидо во северниот дел на Јапонија.
Напуштајќи го Јапонското Море, 10 бродови преминаа во Тихиот Океан користејќи го теснецот чија ширина во најтесниот дел изнесува 18,7 километри.
Министерството за одбрана на Јапонија соопшти дека за првпат кинески и руски воени бродови теснецот го поминале заедно.
Се истакнува дека 5 од бродовите, вклучително и уништувачот на ракети од класата „Ренхај“ ѝ припаѓаат на Кина, а преостанатите 5, од кои едниот разурнувач, се бродови од флотата на руската морнарица.
Хеликоптерот што припаѓа на јавниот јапонскиот јавен сервис „NHK“ ги снимил бродовите што минувале низ теснецот.
Меѓу другото се додава дека е незаконски преминот на странски бродови, вклучително и воени тебродови низ теснецот што се користи за меѓународна пловидба.
Министерството соопшти дека ќе се анализира минувањето на воените бродови на двете земји низ овој регион.
Се наведува дека бродовите можеби се некои елементи од морнарицата на двете земји за кои се знае дека изведуваат заеднички вежби во Јапонското Море.