Şeyma Uzundere
22 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
АНКАРА
Кинескиот претседател Си Џинпинг оствари телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Синхуа“, Си и Шолц разговарале за билатералните односи меѓу двете земји.
Се нагласува дека за време на средбата двете страни изразиле подготвеност за развој на односите.
Истакнувајќи дека Кина е најголемиот трговски партнер на Германија во последните пет години, Си рече дека економската и трговската соработка продолжува да расте, и покрај епидемијата на Ковид-19.
Претседателот Си, исто така додаде дека се надева дека ќе се обезбеди фер трговска средина за кинеските компании да можат да работат во Германија.
Меѓу другото, претседателот Си нагласи дека развојот на билатералните односи во рамките на проектот „Појас и пат“, што го објави Кина во 2013 година, а кој има за цел да создаде непрекината трговска рута од Пекинг до Лондон, ќе биде од корист и за земјите кои се наоѓаат на самата рута.
Наведувајќи дека менталитетот на Студената војна треба да се заборави, Си повика на дијалог со Германија за решавање на регионалните и глобалните проблеми.
Од друга страна, во соопштението на германската Влада се истакнува дека на средбата на дневен ред биле продлабочувањето и развојот на економските односи и меѓународните прашања.
Шолц наведе дека е подготвен да го преземе и да го продолжи пријателството и соработката меѓу двете земји.