Emre Gürkan Abay
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Кинеската групација „Алибаба“ и руските компании „Мегафон“, „Маил.ру“ и Рускиот инвестициски фонд (RDIF) планираат да формираат компанија за е-трговија која ќе дејствува во Русија и Заедницата на независни држави, јавува Anadolu Agency (AA).
На Источниот економски форум што се одржува во рускиот град Владивосток, претставниците од компаниите „Алибаба“, „Мегафон“, „Маил.ру“ и RDIF потпишаа партнерски договор.
Во рамките на партнерството, со почетна вредност која се очекува да биде околу 2 милијарди долари се планира формирање на најголемата е-трговска компанија, која ќе дејствува во Русија и Заедницата на независни држави, а постоечката работа на компанијата „АлиЕкспрес“ (AliExpress) во Русија ќе биде вклучена во споменатата заедничка инвестиција.
Според договорот, најголемата руска телекомуникациска компанија „Мегафон“, на групацијата „Алибаба“ ќе ѝ даде 10 отсто од „Маил.ру“ (Mail.ru), најголемата руска интернет-компанија, за 24 отсто од компанијата „АлиЕкспрес“ во Русија.
„Најголемиот“ договор во полето на е-трговијата во Русија се планира да биде спроведен во првиот квартал од 2019 година. Во „АлиЕкспрес Русија“, „Мегафон“ ќе поседува 24 отсто од акциите, „Маил.ру“ 15, а RDIF 13 отсто.