Michael Gabriel Hernandez
03 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, Џон Кирби, изјави дека претседателот Џо Бајден ја почитува одлуката на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, за посета на Тајван, јавува Агенција Анадолија (АА).
Додаде дека нема потреба Кина да предизвикува тензии поради посетата на Пелоси на Тајван.
„Нема причина Кина да ја користи совршено легитимната и доследна посета на Пелоси на Тајван за ескалација на тензиите или предизвикување криза или конфликт“, рече Кирби.
Кина претходно го повика американскиот амбасадор во Пекинг поради доаѓањето на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси во Тајван.
Министерството за надворешни работи на Кина рано денеска по локално време поднесе протестна нота до американскиот амбасадор Николас Брнс поради ненајавената посета на Пелоси на Тајван.
„Природата на посетата на Пелоси е исклучително злобна, а последиците се многу сериозни“, му рекол на амбасадорот Барнс, кинескиот заменик-министер за надворешни работи, Сие Фенг.
„Соединетите Американски Држави (САД) мора да ја платат цената за својата грешка. Кина ќе преземе неопходни и одлучни контрамерки“, му рекол Си на американскиот амбасадор, објави кинескиот дневен весник „Глобал тајмс“ (Global Times).
Посетата на Пелоси ја нарече „безобзирен потег“ и на Брнс му потенцирал дека САД требало да ја спречат Пелоси да постапи спротивно од историскиот тренд, но наместо тоа се во договор со неа, што ја влошува напнатоста во Тајванскиот Мореуз и сериозно им штети на кинеско-американските врски.