Kasım İleri
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Централната американска команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека меѓународната коалиција против терорстичката организација ДЕАШ, предводена од САД, од август 2014 година до април оваа година во акциите водени во Ирак и Сирија „по грешка” предизвикала смрт на 484 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
ЦЕНТКОМ го објави најновиот извештај во врска со жртвите од воздушните напади на меѓународните коалициски сили во Ирак и Сирија.
Во извештајот се наведува дека од август 2014 година, кога започна операцијата против ДЕАШ, изведени се вкупно 21.035 воздушни напади во Ирак и Сирија. Во дел од овие воздушни напади „по грешка” е предизвикана смрт на 484 цивили.
Исто така се наведува дека во споменатиот период е побарана истрага за 47 воздушни напади.
Локалните извори, како и некои невладини организации тврдат дека бројот на загинати цивили во воздушните напади на меѓународната коалиција е многу поголем.