Ekipa
16 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
ЧАНДИГАР (АА) - Иако денеска бројот на случаи на Ковид-19 во Индија достигна 7,37 милиони, Министерството за здравство соопшти дека стапката на закрепнување на пациентите со Ковид-19 се зголемила на 87,56 отсто, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа се регистрирани уште 63.371 случај на заразување, при што вкупниот број изнесува 7,37 милиони. Од почетокот на пандемијата починаа 112.161 лице.
Владата наведе дека во Индија е зголемен бројот на оние кои го победиле Ковид-19 и изнесува 87,56 отсто.
Меѓутоа, Рахул Ганди, челникот на главната опозициска партија Индиски национален конгрес, ја критикуваше владејачката партија Баратија Џаната поради лошото справување со ситуацијата предизвикана од Ковид-19.
„Дури и Пакистан и Авганистан подобро се справуваат со Ковид-19 од Индија“, наведе Ганди.