АНКАРА (АА)
- Аича САНДОВАЛ / Бехљул ЧЕТИНКАЈА
Министерот за надворешни работи на Никарагва, Денис Монкада Колиндрес, истакна дека САД и некои европски држави преземаат агресивни дејствија во други земјите за да доминираат.
Колиндрес, кој е во официјална посета на Турција, даде изјава за дописникот на АА.
Наведувајќи дека односите на неговата земја со Турција се многу добри и позитивни, Колиндрес рече дека во рамките на посетата потпишани се договори во областа на стимулации за инвестиции, земјоделство, образование и политички консултации.
Колиндрес посочи дека двете земји имаат слични идентитети во надворешната политика: „И Турција и Никарагва се за зајакнување на принципите на немешање во внатрешните работи на државите, за одбрана на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации. Ние, исто така, меѓу нашите држави ги спроведуваме меѓународните односи, со почит и заштита на суверенитетот. Овие елементи придонесуваат за зајакнување на нашите пријателски односи, соработка и солидарност.“
Нагласувајќи дека Никарагва е безбедна, стабилна и мирна земја, спротивно на она што го прикажуваат САД и некои европски земји, Колиндрес се осврна и на изборите што ќе се одржат во Никарагва следниот месец.
Колиндрес, посочувајќи дека нема да ја поканат Организацијата на американски држави (ОАS) како набљудувач на изборите, рече: „Властите праќаат покани за набљудување на изборите за луѓе од различни земји кои се експерти за изборни прашања, но нашата Влада нема да прати покана до Организацијата на американски држави (ОАS) да учествува во процесот на набљудување поради нejзиното учество во државниот удар во Боливија. Не можеме да поканиме некого што учествувал во промоцијата и извршувањето на државен удар против демократска земја како Боливија.“
Наведувајќи дека изборите кои ќе се одржат во согласност со календарот и законите се манифестација на волјата на народот, Колиндрес додаде:
„Народот има влада која луѓето ги стави во центарот на својата политика. Тоа е администрацијата на претседателот Даниел Ортега и неговата заменичка Росарио Муриљо. Народот смета дека ова е добра влада и дека е негова влада. Поради оваа причина, луѓето сакаат Ортега да биде претседател уште еден мандат, со цел да им ги гарантира одземените права.“
Колиндрес изрази верување дека владејачкиот Националноослободителен фронт „Сандиниста“ ќе излезе како победник на претстојните избори.
- „САД и некои земји од ЕУ преземаат агресивни акции против земјите за да воспостават политичка доминација“
Оценувајќи ја напнатоста меѓу Црквата и Владата во земјата, Колиндрес рече дека Никарагва има многу шаренолика верска средина во која се почитуваат сите вери.
Тој рече дека и покрај таквата верска средина во Никарагва, во 2018 година водачите на некои христијански верски институции извршиле незаконски, противуставни активности против Владата.
Нагласувајќи дека ова е несреќна ситуација, Колиндрес рече дека по изборите ќе продолжи дијалогот со различни социјални, економски, политички и верски групи во земјата.
Осврнувајќи се на американскиот став против Никарагва и одлуката на ЕУ да ги продолжи санкциите кон земјата, Колиндрес рече: „Ние сме многу јасни во одбивањето и осудата на овие наметливи политики.“
Наведувајќи дека САД и ЕУ го прекршиле меѓународното право и вредностите на многу земји, Колиндрес посочи:
„Државите и народите имаат вродено, суверено и чесно право да ја одредат својата внатрешна и надворешна политика, почитувајќи го меѓународното право и резолуциите на ОН. Соединетите Американски Држави и некои европски земји секогаш преземаат агресивни акции против земјите, обидувајќи се да влијаат врз нивната внатрешна политика и да ја повратат политичката доминација и хегемонијата.“
Опишувајќи ги едностраните санкции како незаконски и произволни, Колиндрес рече дека земјите што ги применуваат се земји кои мислат дека можат да доминираат со други народи и држави.
„Не се согласуваме со нив, бидејќи тие сакаат да спроведат надворешна интервенција што навистина нема смисла или оправдување. Имаме симпатија кон другите држави, Турција и земјите од Латинска Америка кои имаа штета од санкциите“, нагласи Колиндрес.
- „Изразот „масовна емиграција“ се користи за да се покаже дека Никарагва е во лоша состојба“
Истакнувајќи дека караваните на имигранти од Централна Америка кои одат во САД понекогаш се масивни за некои земји, Колиндрес рече: „На пример, во Никарагва нема масовна или вонредна миграција. Таа е во нормални размери во споредба со традиционалните миграции што се случуваат во земјите во подрачјето на Централна Америка.“
Меѓу другото, Колиндрес наведе дека масовната миграција е намалена благодарение на домашната политика ориентирана кон населението.
„Ние развиваме економски и социјални политики кои обезбедуваат безбедност на храна, болници и образование на населението“, рече Колиндрес.
Во врска со концептот на „масовна миграција“ што се користи за Никарагва, Колиндрес нагласи: „Иако често се користи за да ја искриви вистината и да се покаже дека Никарагва е во лоша ситуација, тоа не е вистина.“
Осврнувајќи се на односите со Турција, Колиндрес истакна дека како резултат на средбите што ги одржа со министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, потпишани се договори што ќе ги унапредат односите меѓу двете земји.
news_share_descriptionsubscription_contact
