Lokman İlhan
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
БОГОТА (АА) - Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, изјави дека мировните преговори со последната активна милитантна група во земјата, Војската за национален спас (ELN), ќе бидат продолжени во Хавана, главниот град на Куба, јавува Anadolu Agency (AA).
Сантос синоќа во Турбако се сретна со претставници на поранешната милитантна група, сега политичка партија ФАРК.
Сантос најави дека следната недела во Хавана ќе продолжат преговорите со милитантите на ЕЛН, кои претходно се водеа во Еквадор.
Паралелно со тоа, од Кабинетот на Сантос соопштија дека лидерот на ФАРК, Родриго Лондоно, се извинил за атентатот на гувернерот на Антиокија, Гуљермо Гавириа, кој е убиен пред 15 години.
Во соопштението се вели дека сопругата на убиениот, Јоланда Пинто, го прифатила извинувањето.
Милитантите од редовите на ФАРК во 2002 година го киднапираа Гиљермо и уште осум војници, а една година подоцна беа убиени.