Muhammet Kurşun
25 Ноември 2019•Ажурирај: 26 Ноември 2019
ТЕХЕРАН (AA) – Командантот на Револуционерната гарда на Иран генерал Хусеин Селами упати отворена закана на Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија, Израел и Саудиска Арабија и ги обвини за предизвикување на неодамнешните протести кои ширум Иран се одржани поради зголемување на цената на горивата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како одговор на минатонеделните антивладини протести, денес во центарот на Техеран е одржан собир на поддршка на иранските власти.
Собраните извикувааслоганти против САД, Израел и Саудиска Арабија, а учесниците на минатонеделните протести ги нарекуваа предавници и сеачи на заговори.
На присутните им се обрати командантот на Револуционерната гарда Селами кој рече дека минатонеделните протести биле режирано сценарио.
„Соочени сме со голема меѓународна војна. Военото сценарио кое го видовме на нашите улици имаше меѓународен карактер. Таа војна е завршена. Ќе одговориме и ќе се осветиме за секој непријателски чекор", порача Селами.
Тој им се закани на САД, Велика Британија, Израел и Саудиска Арабија дека Иран ќе ги уништи ако ја поминат „црвената линија". На властите на Израел им порача да не се надеваат во американска помош.
Со одлуката на иранските власти на 15 ноември во таа земја поскапе горивото за 300 отсто. Народот во Иран е соочен со економска криза која ја предизвикуваат и американските санкции.
Во многумина ирански градови одржани се протести поради поскапување на горивото, а Амнести Интернешнал тврди дека во нередите животот го загубиле најмалку 115 демонстранти.