Emel Öz Gözellik,Şenhan Bolelli
17 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
БАРСЕЛОНА (AA) – Едно лице загина а 20 се повредени откако во шеталиштето во самиот центар на Барселона во Шпанија, се залета комбе кое удри во група пешаци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според шпанската новинска агенција ЕФЕ , која се повикува на безбедносни извори, бело комбе се залета во пешаци во познатата туристичка зона Лас Рамблас во Барселона.
Од полицијата известија дека во таа прилика се повредени голем број лица.
Каталонската служба за вонредни ситуации соопшти дека доби наредба да ги затвори метро и возните линии на тоа подрачје.
Метрото моментално е затворено, а полициската истрага е во тек.
Шпанските медиуми јавуваат дека некои луѓе останале да лежат на тротоар.