Ikrame Imane Kouachi
03 Јули 2025•Ажурирај: 05 Јули 2025
АНКАРА (АА) – Кувајтската авиокомпанија „Џазира ервејс“ ги обнови директните летови кон Сирија по 13-годишна пауза, соопштија денес сириските медиуми, пренесува Анадолу.
Според државната новинска агенција САНА, првиот авион на кувајтската авиокомпанија слетал вчера на Меѓународниот аеродром во Дамаск.
Авиокомпанијата истакна дека првично авионите ќе сообраќаат еднаш дневно, со планови „да се зголемат на два лета дневно пред крајот на летото“, објави државната новинска агенција.
Овој чекор доаѓа во време на пошироки регионални напори за реинтегрирање на Сирија во мрежите на воздушен сообраќај, со очекувања за зголемена економска и туристичка активност.
Башар ал-Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, избега во Русија во декември, со што заврши режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.
Во јануари во Сирија беше формирана нова преодна администрација предводена од претседателот Ахмeд ал-Шара.